Научни факти што можеби не сте ги знаеле

ddscientistsКога би се растегнале и споиле сите крвни садови на еден просечен возрасен човек, тие би биле долги околу 100.000 километри, што е еднакво на должината на 2,5 екватори на Земјата.


3_scientistsНеколку научни факти кои што можеби не ги знаете:

1. Кога би се растегнале и споиле сите крвни садови на еден просечен возрасен човек, тие би биле долги околу 100.000 километри, што е еднакво на должината на 2,5 екватори на Земјата.

2. Големиот корален гребен, еден од најубавите украси на нашата планета, што се наоѓа покрај крајбрежјето на Австралија, е најголемата жива структура на Земјата, а нејзината должина изнесува дури 2.600 километри.

3. Шансите еден човек да биде погоден од метеор е еднаш во 9.300 години.

4. Кога би се направил прстен од неутронски ѕвезди, тој би бил тежок 100 милиони тони.

5. Обичен ураган произведува енергија еквивалентна на 8.000 бомби со јачина од еден мегатон.

6. Најголемата брзина со којашто човек возел велосипед изнесувала 268 километри на час, а ја постигнал Фред Ромпелберг.

7. Сите океани содржат толкаво количество сол, со неа да се покријат сите континенти со слој дебел 150 метри.

8. Поларните мечки можат да трчаат со брзина од 40 километри на час и да скокаат шест метри во должина.

9. Пред 60 до 65 милиони години, човекот и делфинот имале заеднички предци.

10. Просечна личност случајно јаде по 430 бубачки годишно.

11. Температурата на површината на Меркур преку ден ја надминува температурата од 430 степени Целзиусови, а преку ноќ се спушта на 180 степени Целзиусови.

12. Поларните мечки поради карактеристичното крзно, речиси е невозможно да се детектираат со инфрацрвена камера.

13. Човекот може да произведе ласерска светлина, милион пати посјајна од сончевата светлина. виа.

- Реклама -