Крајнодесничарскиот национален фронт не победи во ниту еден од регионите на Франција.
Екстремнодесничарскиот Национален фронт (НП) на Марин Ле Пен попушти пред “републиканците” и социјалистите во сите области на вториот круг од регионалните избори во Франција, иако постигна рекордни резултати минатата недела.
Како што покажуваат резултатите од различните exit poll студии “републиканците” на поранешниот претседател Никола Саркози задржуваат победа на изборите во седум од тринаесет региони на Франција, а владејачката Социјалистичка партија – во пет.
Сепак лидерката на екстремнодесничарскиот Национален фронт Марин Ле Пен истакна дека ништо нема да може сега да ги спречи.
“Ништо не може да не спречи сега”, изјави Ле Пен. “Откако го триплиравме бројот на своите советници, ние ќе бидеме главната опозициска сила во повеќето од регионите на Франција”, додаде таа.
Од своја страна, францускиот премиер Мануел Валцер предупреди дека заканата од десничарите останува и покрај неуспехот на Националниот фронт .
“Опасноста од десничарските сили не помина”, рече Валцер, откако станаа познати првичните резултати.
Целосниот пораз на екстремнодесничарскиот Национален фронт беше целосно неочекуван од повеќето аналитичари. Изненадувањето се случи откако незадоволните неопределени гласачи се вратија повторно на избирачките места за време на вториот круг од регионалните избори. Додека гласовите на нацијата беа забележани со загриженост низ цела Европа, десничарската партија на Марин Ле Пен не успеа да го повтори својот триумф од првиот круг на изборите минатата недела, кога победи во шест од дванаесетте новоформирани региони на континентална Франција.