НАТО во Романија ја гради најголемата воена база во Европа

Романија ја започна изградбата на најголемата европска воена база на НАТО. Трансатлантскиот блок се обидува да ги зајакне своите способности во регионот на Црното Море.

Проектот, вреден 2,7 милијарди долари, ќе ја прошири 57-мата воздухопловна база на романските воздухопловни сили „Михаил Когалничеану“, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море. Новиот објект ќе има радиус од речиси 32 километри, ќе се простира на околу 17 квадратни километри и ќе биде дом на околу 10.000 припадници на НАТО и нивните семејства, пишува Њузвик.

Еуроњуз викендов објави дека се започнати работите на основната инфраструктура на базата, како што се пристапните патишта и електричната мрежа. На крајот, изградбата на неколку нови писти се очекува да ги поддржи операциите на различни видови воени авиони.

Прочитајте и:  Зеленски: На Украина и се потребни пакети со оружје, а не зборови

Николае Крецу, командант на воздухопловната база, рече дека ќе има „хангари за одржување, складишта за гориво, муниција, опрема, авијациски технички материјали, симулатори, капацитети за хранење, сместување – сè што е потребно за поддршка на работата и мисиите на оваа база“.

Букурешт се стреми кон поблиска соработка со своите сојузници во НАТО, а особено со САД, додека Црното Море станува сè пооптоварено место на конфликтот меѓу Украина и Русија.

- Реклама -