НАТО усвои план за долгорочна помош за Украина

Министрите за одбрана на државите од НАТО го одобрија денеска планот за долгорочно снабдување со воена опрема и обука на Украина, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека оваа помош за Украина ќе биде спроведена од американската воена база во германскиот град Визбаден и ќе вклучува персонал од 700 луѓе.

Како што рече, ова ќе помогне да се организира обука за украинската армија во земјите-членки на НАТО и да се координираат и планираат донации на воена опрема за Киев.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир
- Реклама -