НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција

НАТО на самитот во Вашингтон следната недела за првпат ќе побара од земјите-членки построга стандардизација на артилериската муниција за да се олесни нејзината употреба на бојното поле.

– Украина покажа дека нашата стандардизација е добра на хартија, но не и на терен, изјави претставник на НАТО кој сакаше да остане анонимен, мислејќи на муницијата како што е артилериската муниција со калибар од 155 милиметри, која во моментов е дефицитарна во светот поради високата побарувачката предизвикана од руската инвазија врз Украина која почна во 2022 година.

Иако НАТО спроведе стандардизација на муницијата за помали оружја како што се јуришни пушки, дозволувајќи им на сојузниците да разменуваат муниција, тоа не е толку лесно за артилериската муниција.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

Иако постои стандард на НАТО за артилериска муниција, неговата имплементација е доброволна, а бидејќи доволно членки не се придржуваат до него, пазарот се распарчи и снабдувањето е нарушено.

Четиринаесет земји-членки на НАТО го задржаа правото да не го следат стандардот, што значи дека има различни видови муниција со калибар од 155 милиметри.

Сепак, НАТО може да се соочи со противење од производителите на муниција бидејќи стандардизација на артилериската муниција може да ја зголеми конкуренцијата и да ги намали цените.

- Реклама -