НАТО ќе спроведе заедничка воена вежба со Србија

Во мај годинава, НАТО ќе реализира заедничка вежба со српската армија, како што потврди Командата на здружените сили на НАТО од Наполи, Италија. Вежбата е организирана на покана од Србија и ќе се одржи на полигон Боровац, специјално назначен за обука на единици за меѓународни мисии, вклучувајќи операции за одржување мир под надзор на Обединетите нации. Командата нагласи дека активноста ќе се организира со целосно почитување на прогласената политика на воена неутралност на Србија.

Адмирал Џорџ Викоф, командант на здружените сили на НАТО, изврши посета на Белград во петокот, каде се сретна со претседателот Александар Вучиќ. За време на средбата, се разговараше за зајакнување на соработката меѓу Србија и НАТО, со цел да се зачува воената неутралност на државата. Вучиќ, преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, истакна колку е важна мисијата KFOR за одржување мир и безбедност, особено за заштита на српската заедница на Косово. Тој нагласи дека стабилноста во регионот зависи од продолжувањето на дијалогот и од градењето на меѓусебно доверба помеѓу сите ангажирани страни.

Прочитајте и:  (Видео) Алварез постигна гол - Атлетико славеше во Барселона со играч повеќе

Претседателот Вучиќ потврди дека Србија останува посветена на соработката со НАТО преку програмата “Партнерство за мир”, при што целосно ги почитува своите национални интереси, суверенитет и политика на воена неутралност.