НАТО испраќа свој специјален пратеник во Украина

 Членките на НАТО одлучија да испратат специјален пратеник во Киев, со што ќе го прошират цивилното присуство на западната воена алијанса во Украина, изјави портпаролот на Алијансата за германската новинска агенција ДПА.

Високиот функционер ќе има задача да ја координира политичката и практичната поддршка на Алијансата на терен додека Украина продолжува да се брани од руска инвазија.

Одлуката за испраќање постојан специјален пратеник доаѓа во пресрет на самитот на НАТО од 9 до 11 јули во Вашингтон, каде што се очекува лидерите за првпат официјално да усвојат план за координирање на воената помош за Украина во рамките на официјалната мисија наречена НАТО безбедносна помош и обука за Украина.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

Засега не се знае кој ќе биде назначен на новата функција во Киев. Портпаролот рече дека се ќе биде подетално познато по официјалната процедура за избор.

Новата официјална мисија на НАТО ќе ја надгледува и обуката на украинските војници во земјите – членки на НАТО.

НАТО има официјално претставништво во Киев речиси десет години, вклучително и канцеларија за врски и центар за информации и документација кој постои од 1990-тите. Ова претставништво, меѓу другото, е задолжено за контакти со украинските министерства и власти за промовирање на политичкиот дијалог и практична соработка.

 

- Реклама -