National Geographic : Туризмот се заканува на Охридското езеро

National Geographic објави текст во кој го цитира Independent, за опасноста која се заканува на екосистемот на Охридското езеро. Според светскиот магазин, Охридското езеро од сегашната политика ќе претрпи голема штета, доколку се изградат луксузните хотели. Охридското езеро го споредуваат со Галапагос, заштитено од УНЕСКО каде опстојуваат 350 уникатни видови во екосистемот.

images-2015-12-turizam_preti_da_ugrozi_ohridsko_jezero_i_njegov_ekosistem_aps_900267838

Професорот, Кристијан Алберт, вели дека на Охридското езеро му се заканува голема криза. Тој го потенцира големиот биодиверзитет во екосистемот, но се плаши за неговото опстојување.

На 24 декември, Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на идејно решение за надградба на градското пристаниште и изградба на нова марина во општина Охрид.

Се предвидува идејното решение за марината да се изработи на локација пред Центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција во Охрид, од каналот Билјанини извори во правец кон Горица.

  Јавниот повик е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки www.e-nabavki.gov.mk.
- Реклама -