Наташа и Влада се свршија

Српскиот манекен ја побарал раката на Наташа на нејзиниот роденден што го прославија на Ибица.

Влада Вуксановиќ и пејачката Наташа Беквалац се свршија на Ибица. Како што објави Трачара, Влада и приредил изненадување на Наташа на плажа, а кога се вратиле во хотелот ја дочекал дијамантски прстен.

„Влада и Наташа поминаа прекрасни 10 дена на Ибица. Наташа не ни претпоставуваше дека Влада ќе ја запроси на нејзиниот роденден што го прославија на преубавата плажа Форментера, сосема сами. Кога се вратиле во хотелот, пејачката ја дочекал подарок од Влада, скапоцен дијамантски прстен“, рекол изворот за српскиот сајт.

Како потврда за оваа вест доаѓа фотографијата штo Влада ја објави на Инстаграм на која се гледа прстенот на раката на Наташа.

natasa i vlada

- Реклама -