Наташа Беквалац во последно време имаше многу проблеми, па нејзиното здравје било сериозно нарушено.
Таа се вратила од Црна Гора во многу тешка состојба, со огромни болки во стомакот и желудникот, па нејзините најблиски веднаш ја однеле на една приватна клиника.
– Освен на болки во желудникот, Наташа се жалела дека има нагон за повраќање, што доплнително ја исцрпело. Мачнините во стомакот целосно ја парализирале, што дури не можела да се исправи – изјавил близок извор на пејачката и додал дека докторите кога ја виделе во каква состојба се наоѓа и наредиле повеќе да возди грижа за своето здравје.
По прегледот и утврдиле дека има оштетена слузница на желудникот поради која и проработел чирот, но за среќа не и пукнал бидејќи бил во почетна фаза на заболување. Докторите ја посоетувале пејачката да не се нервира, редовно да јаде и повеќе да се одмара.
Наташа во моментот е на инфузија.