Девојките на Барса беа убедливи на гости против Валенсија, совладувајќи ги со 1-4.
Голот за водство од 0-4 го постигна нашата Наташа Андонова во 60-тата минута од мечот. Се работеше за фантастичен погодок кој инстантно нé врати во тој убав момент кога Артим Шаќири му брцна гол на англискиот голман Дејвид Симан – директно од корнер, исто со лева.
Голманката на Валенсија стоеше во неверување исто како и Англичанецот, а голот на Андонова сигурно ќе биде гол на колото. „Најдоброто од Македонија“, како што ја нарекуваат, изјави дека е почестена што го ископирала ремек-делото на Шаќири.
Natasa Andonova scores Goal to put Barcelona 4 up: Video courtesy of: GOL TV, Liga Femenina Iberdrola #Ligalberdrola #FutFem #womensfootball #WSUlive #soccer #football #LaLigaWomen #FCBFemeni #VCFfemBarcelona #AmuntVCFfem @natasa_andonova pic.twitter.com/DDkihOMb06
— WomensSoccerUnited (@WSUasa) February 25, 2018