2012. Ник Грејв после две седмици поминати во посета на Кејптаун, го пропушта својот лет кон дома од Јужна Африка, за да остане уште малку и да помага во едно тамошно сиропиталиште.
Оттогаш, Ник и неговиот брат Крис, два пати во годината патуваат на ова место за да работат со децата кои живеат таму, кои започнале да ги чувствуваат како „второ семејство“.
Во една од овие посети, го направиле и ова видео со помош на својата GoPro камера.
После повеќе од шест месеци раздвоеност, децата биле и повеќе од возбудени од повторната средба.