Наследство кое прескокнува генерации

ВелингтонИмате пари но не сакате тие да ги уништат вашите деца? Тогаш можеби методот за богати родители на Велингтон Бурт би ве интересирал. Велингтон Р. Бурт заработил големо богатство од дрвната индустрија. Кога тој умрел во 1919 година зад себе оставил едно од најголемите богатства во САД.

Но, за да не им го уништи животот на своите деца со огромно наследство, тој оставил уникатен тестамент. Тој рекол дека целото негово богатство ќе биде поделено на семејството, но дури 21 година по смртта на неговите внуци. Неговите деца и внуци не останале сиромашни. Бурт за својот „омилен син“ оставил по 30.000 долари годишно, но остатокот од неговите деца добиле речиси ист џепарлак како оној на готвачот и шоферот.

„Сигурна сум дека не го сакал своето семејство“ рекла Кристина Камерон, наследничка и пра-пра-правнука на Бурт. Сега откако поминале 21 година од смртта на последното внуче, неговото богатство најпосле ќе биде поделено на Кристина и 11 нејзини роднини – три правнуци, седум пра-правнуци и уште еден пра-пра-правнук. Богатството е проценето на над 100 милиони долари (Кристина ќе добие околу 2,6 милиони бидејќи според меѓусебен договор претходните генерации ќе добијат повеќе).
 
Судијата Патрик Мекгро рекол дека тестаментот на Бурт бил еден од најкомплицираните проекти со кои се соочил во својата 12 годишна кариера. Прескокнувањето генерација не е невообичаена појава кај богатите родители кои сакаат да им пренесат порака на своите деца (но очигледно не и на внуците). Таквите аранжмани за прескокнување генерации постојат веќе долго време. [Shutting out the kids from the family fortune]

- Реклама -