Корисник на социјалната мрежа „Reddit“ постави галерија фотографии од зградата која ја добил во наследство од неговите прабаба и прадедо.
И како да не е зградата самата по себе вистинско богатство, овој Американец во нејзиниот подрум пронашол нешто што дополнително го израдувало.
Имено, подрумот бил целосно исполнет со стара и вредна колекција на старински обувки. Сите чевли се во одлична состојба, и на нив не постои никаква трага од годините кои поминале. Единствено на кутиите лежи повеќедецениска прашина, која за среќа никако не влијаела на внатрешната содржина.
Се испоставило дека оваа зграда претставувала продавница за облека од 1940 до 1960 година, а нејзините врати биле затворени со децении, и во целост заборавени од денешницата. Со оглед на тоа што модата постојано се враќа, поголемиот број од овие обувки се сон на сите љубители на чевли.
Американецот кој ја споделил неговата приказна заедно со фотографиите на „Reddit“, напишал дека нема да ја открие локацијата на зградата со цел да се заштити од можни крадци.