Научниците од Универзитетот во Колумбија се најблиску до откритие кое ќе го реши проблемот на мажите, но и жените ширум светот.
Доколку успее експериментот, проблемот со опаѓање на косата ќе биде само лошо минато!
Истражувачите имаат се повеќе докази дека лекот „Ruxolitinib”,што се користи за лечење на коскената срж, може да им помогне на луѓето што патат од алопеција ( тежок облик на ќелавост).
Губењето на косата можеби не загрозува живот, но влијае на квалитетот на истиот и самодовербата. Мажите се почесто изложени на овој проблем, меѓутоа, се почесто има случаи на жени што боледуваат од алопеција – болест која како последица има делумно или целосно губење на косата.
Трајно решение за оваа непријатна појава не е пронајдено, но мажите и жените се почесто се насочуваат кон алтернатива како што се периките или радикално бричење на цела глава.
Она што научниците досега не го знаеле е дека лекот, веќе со години е присутен на пазарот, но во облик на медикаменти за лечење на коскена срж.
Името на овој лек е “Ruxolitinib”. Неговото регенеративно дејство би можело да го надокнади губењето на косата и тоа за четири до пет месеци, тврдат истражувачите од Универзитетот во Колумбија.
Имено, тие го тестирале овој лек на глувци и засега има позитивен ефект. Доколку нема компликации и експериментот успее, ќе следува тестирање на луѓе кои имаат проблем со опаѓањето на косата, а набрзо се надеваме и негова примена.
Прочитај повеќе: Шест причини зошто жените „паѓаат“ на ќелави мажи