Затемнувањето на Сонцето кое ќе блокира 90 отсто од сончевата светлост ќе биде видливо во Европа следниот месец и се очекува ова да биде најголем настан од овој вид во последните 15 години.
Месечината на 20-ти март ќе фрли сенка врз сончевата светлина која стига до Земјата и на Балканот се очекува да се затемнат околу 50 отсто од сончевиот диск.
Целосното затемнување ќе биде видливо на северот на Скандинавија и на Фарските острови.
Последното затемнување на Сонцето кое беше видливо за голем број жители на планетата Земја се случи 11-ти август 1999 година.
Се очекува максималното траење на тоталното затемнување на сонцето следниот месец да биде подолго за две минути и 23 секунди во однос на затемнувањето од 1999 година.
Следното целосно затемнување на сонцето кое ќе биде видливо во Европа ќе се случи во 2026 та година.