Наскоро емотикони во статусите на „Facebook“

„Facebook“ се погрижи да можеме појасно да им пренесеме на пријателите за тоа како се чувствуваме во моментот на поставувањето на статусот.

Новите емотикони кои кај некои корисници беа активирани уште на почетокот на оваа недела, им овозможува на корисниците да одберат различни сликички од кои некои прикажуваат различни емоции а другите пак, покажуваат различни активности.

20820042675166750f72727270671553_orig1622695344516675107472e288094615_orig

Во менито постои опција да тагнете страна, или специфични производи кои се во поврзани со одредени активности. На пример, доколку пиете кафе, можете да тагнете „coffee“, или да додадете некој бренд од овој напиток. Истото ќе можете да го направите и доколку читате некоја книга или музиката која ја слушате.

34812109151667510c65f1970998819_orig

„Facebook“ емотиконите на овој начин ќе можат да евидентираат и податоци за тоа што и колку луѓе користат одреден производ или го користеле за рекламни цели.

- Реклама -