Се чини дека насилните видео игри навистина имаат влијание врз луѓето кои ги играат – но на корисен начин, преку зголемувањето на толеранцијата за болка.
Истражувачите од Кил Универзитетот во Велика Британија дошле до заклучок дека насилните видео игри можат да ја зголемат толеранцијата за болка на играчите. Во студијата биле набљудувани 40 доброволци кои играле и насилна видео игра во прво лице и ненасилен голф симулатор, и луѓето кои ја играле играта во прво лице имале повисока толеранција за болка.
„Учесниците ги играле двете игри во две ситуации по десетина минути по што ја ставиле раката во студена вода за да ја тестираат реакцијата на болка. Во просек учесниците ја чувале раката во водата 65 проценти подолго по играњето на насилната игра, што значи дека им била зголемена толеранцијата за болка.“
Доктор Ричард Стивенс, кој бил предводник на студијата, објаснува дека студијата била поттикната од фактот што пцуењето може да ја намали болката. Истражувачите имале теорија дека агресијата го поттикнува инстинктот за „борба или бегство“ што влијае врз начинот на кој луѓето чувствуваат болка.
Оваа студија била „тест на оваа претпоставка во која имавме за цел да го подигнеме нивото на агресија кај учесниците со насилна видео игра, по што го тестиравме ефектот на толеранцијата на болка. Резултатот ги потврди нашите предвидувања дека видео играта ќе ја големи и агресијата и толеранцијата на болка.“
Значи, ако се опоравувате од физичка повреда или болест, пукањето во виртуелни луѓе или чудовишта може доста да ви помогне. [Violent video games can ease pain]