Неодамна, еден млад човек откри нешто многу несекојдневно. Нема многу да згрешиме ако го опишеме како доказ за постоењето на судбината, барем кога е во прашање љубовта.
Додека бил на гости во куќата на неговата девојка, нашол нејзина стара предшколска фотографија. Откако добро се изнасмеал за тоа што таа личела на мало ѓаволче, забележал нешто чудно. Момчето што седело до неа на фотографијата му изгледало многу познато. По некоја минута, конечно му „светнало“. Русокосото момче бил тој лично.
Бидејќи и тој, како и неговата девојка, слабо се сеќавал на нешто слично, се јавил кај мајка му за да му ја објасни неверојатната случајност. Таа му раскажала дека кога имал 3 години, тие двајцата оделе во иста градинка, а разбирливо, сега не се сеќаваат бидејќи се случило многу одамна.
А денес? Денес, двете слатки дечиња се слатка заљубена двојка.