Прочитајте го водичот од седум чекори за шминкање. На жените кои го тестирале им биле потребни во просек по четири минути и 38 секунди да се нашминкаат следејќи ги овие совети.
Сокриjте ги подочниците
Нанесете хидрантна крема, потоа кремаст коректор со иста нијанса како вашата кожа (никако посветла) под очите, па разнесете со прстот само таму каде што е потребно, по потемните делови на кожата.
Подлога
За побрзо нанесување на подлогата користете стик пудра. Со неа нацртајте дебели линии над веѓите на челото, низ јаболчниците и од двете страни на носот, потоа со прсти разнесете ја по лицето.
Руменило
Нанесете малку кремасто руменило на јаболчниците, па разнесете го кон слепоочниците. Ако претерате со руменилото додадете малку течна пудра, не го бришете.
Светло руменило
Со прст нанесете светло руменило. Изберете сребрени нијанси ако имате посветла кожа, а нијанса на шампањ ако имате среден до темен тен. Ставете малку руменило и во внатрешните агли на очите.
Истакнете ги очите
Повлечете линија по превојот на горниот капак со бронзен или златен молив па разнесете низ капакот на окото.
Додајте дефиниција
Веѓите лесно истакнете ги со молив во иста боја и ако е потребно нанесете маскара.
Сочни усни
Нанесете кармин во боја на јагода на средината на усните, па со прст разнесете го по целите усни, притоа тапкајќи за подолго да трае. За вечерно излегување додадете и сјај за усни.