Нашата Месечина – дали знаеме се за неа?

1229349349.jpg Сите знаеме дека Месечината е нашиот природен сателит, дека орбитира
околу нашата планета и дека луѓето ја посетиле(се надевам дека сите
знаат!). Но, дали знаеме се што треба за неа? Има некои факти за
Месечината кои се навистина неверојатни, а кои ете, малкумина ги знаат.

Сите знаеме дека Месечината е нашиот природен сателит, дека орбитира
околу нашата планета и дека луѓето ја посетиле(се надевам дека сите
знаат!). Но, дали знаеме се што треба за неа? Има некои факти за
Месечината кои се навистина неверојатни, а кои ете, малкумина ги знаат.

moon_phases_diagram.jpg

Чао чао Месечино

Додека го читате ова, Месечината се оддалечува од нас. Секоја година, Месечината „ краде„ од Земјината ротациона енергија и ја користи за де се сврти самата за 3.8 cm повисоко во својата орбита. Истражувањата велат дека кога се формирала, Месечината била околу 14.000 милји ( 22. 530 км ) оддалечена од Земјата. Сега е оддалечена повеќе од 280.000 милји, или 450.000 км подалеку.

Бранови

Брановите на земјата се предизвикани главно од Месечината ( И Сонцето има мал ефект ). Еве како „ работи „ тоа:

Гравитацијата на Месечината ги турка океаните на Земјата. Брановите се обидуваат да бидат паралелни со Месечината додека Земјата ротира под неа. Друг бран настанува на спротивната страна на планетата затоа што гравитацијата ја турка Земјата кон Месечината повеќе отколку што ја турка водата.
Кога е полна Месечина, или млада Месечина, Сонцето, Земјата и Месечината се во линија, созадавајќи поголеми бранови од обично.
Кога Месечината е во првата или во последната четвртина, се создаваат помали бранови.
Кога Месечината е најблизу до Земјата, абнормалните бранови се уште поголеми.
Ова има и друг интересен ефект: Дел од ротационата енергија на Земјата е „ украдена “ од Месечината, предизвикувајќи нашата планета да забавува при ротацијата околу 1.5 милисекунди секој век.

Дали Месечината е планета?

Нашата планета е поголема од Плутон. И бидејќи, грубо кажано, -е околу една четвртина од дијаметарот на Земјата, некои научници ја гледаат повеќе како планета. Кога се зборува за односот Земја-Месечина се користи изразот „ двојна планета “. И за Плутон и неговата месечина Charon исто така се употребува изразот „двојна планета“.

Земјотреси, или месецтреси

Астронаутите на „ Аполо“, користејќи сеизмографи при нивната посета на Месечината открија дека таа и не е баш мртва, барем не геолошки.
Мали земјотреси, односно месецтреси биле забележани под површината на Месечината, предизвикани од гравитацијата на Земјата. Мали пукнатини биле забележани и истекување на гас.
Научниците кажуваат дека  Месечината најверојатно има јадро и најверојатно е жешко и можеби стопено, како што е јадрото на Земјата. Но, податоците од леталото на НАСА – Lunar Prospector, во 1999 покажале дека јадрото на Месечината е мало – околу 2 до 4 проценти од својата маса.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

Јајцеглава

Месечината не е тркалезна(и не е сфера). Таа има форма на јајце. Ако одите надвор и погледнете нагоре, ќе видите еден од помалите нејзини краеви. И центарот на Месечината не е геомотриски точно пресметан – за центар се смета  2 км надвор од центарот.

Сестрински месечини

Месечината е единствениот природен сателит на Земјата, така? Можеби не. Во 1999 , научниците откриле астероид со дијаметар околу 5 километри кој бил заробен во Земјината гравитација., такашто – станал сателит на нашата планета.
На Cruithne, ( така е наречен ), му требаат 770 години да ја заврши својата орбита во форма на потковица околу Земјата, и така ќе биде најмалку 5.000 години.

Вреќа за удирање

Површината на Месечината, полна со кратери, е резултат на постојано паѓање на вселеснки камења на неа пред 4.1 билиони до 3.8 билиони години. Површината останала иста до денеска, бидејќи Месечината не е многу геолошки активна како Земјата: нема вулкани, земјотреси и создавање на планини за да се смени пејсажот на Месечината, а и речиси без атмосфера, таму нема ветар или дожд, па настанува многу мала ерозија на почвата.

Месечеви дрвја

Повеќе од 400 дрвја на Земјата доаѓаат од Месечината. Добро: доаѓаат од лунарната орбита. Вистината е: во 1971, астронаутот на Apollo 14, Stuart Roosa земал цело купче семиња со него, и додека другите двајца астронаути (Alan Shepard и Edgar Mitchell) шетале по Месечината, тој ги посадил своите семиња.
Подоцна, истите семиња биле одгледани на Земјата, и посадени насекаде низ државата и биле наречени Месечиве дрвја. Повеќето од нив се сосема добри:)

Заклучена во орбитата

Можеби најинтересното нешто во врска со Месечината е тоа дека секогаш таа ни го покажува истото лице. Кога и Земјата и Месечината орбитираат, како е ова можно?
Одамна, гравитационата сила на Земјата ја забавила ротацијата на Месечината околу нејзината оска. Кога ротацијата на Месечината се забавила доволно за да се изедначи со нејзиниот орбитален период (времето кое и е потребно на Месечината да сврте околу Земјата), ефектот се стабилизирал. Многу од месечините на другите планети се однесуваат слично.
Што околу фазите? Еве како работат:
– Кога Месечината орбитира околу Земјата, поминува дел од своето време меѓу нас и Сонцето, со светлата страна обратно од нас. Ова е наречена „ млада Месечина “(значи нема „ темна страна на Месечината “, само страна којашто ја немаме видено).
– Кога Месечината  се врти околу својата орбита, мала сребрена сончева рефлексија е видена на Земјата како полумесечина.
– Кога Месечината е спротивно од Сонцето, станува потполно светла за нас – полна Месечина.

Правењето на Месечината

Месечината била создадена кога карпа со големината на Марс удрил во Земјата, кратко откако нашиот соларен систем почнал да се формира – пред 4.5 билиони години. Сега засега тоа е водечката теорија.

- Реклама -