Инженерите на Американската Национална Воздухопловна и Вселенска Администрација направија т.н. вселенско интернет тестирање кое би требао да биде од корист за идните комуникации со теренските возила и астронаути во мисиите за истражување на Месечината, Марс или некоја друга планета, соопшти НАСА.
Инженерите на Американската Национална Воздухопловна и Вселенска Администрација направија т.н. вселенско интернет тестирање кое би требао да биде од корист за идните комуникации со теренските возила и астронаути во мисиите за истражување на Месечината, Марс или некоја друга планета, соопшти НАСА.
Системот се состои од сонди и сателити кои би требало да послужат како управувач за ширење на специфични вселенски е-mail комуникации во Сончевиот систем. Вселенската агенција десет години работела на овој проект заедно со Vint Cerf, еден од татковците на интернетот. Протоклите кои денес се користат за нашиот интернет не користат во космичкиот простор затоа што мрежите се секогаш кохерентни за вестите брзо да патуваат. Меѓутоа комуникацијата меѓу објекти во вселената е често нарушена од сончеви бури и во време кога се случуваат би можело праќањето на вести од Земја до Марс да трае 20 минути. Заради тоа инженерите од лабораторијата за млазни погони утврдиле нови вселенски интернет протоколи наречени DTN (Disruption-Tolerant Networking).
Менаџерот на тимот Adrian Hooke напоменал дека протоколот први го тестирале Лапонците кои добитокот во поларните подрачја го тераат со помош на моторни санки, како и корисниците на мобилни телефони кои се наоѓаат на самиот раб од опсегот на мрежата (сигналот). Вселенскиот интернет го испроба и Пентагон за комуникација меѓу војниците на борбените линии.
Во октомври НАСА го тестираше нивиот систем со употреба на сондата EPOXI, која сега се наоѓа на двегодишно патување во вселената на чиј крај треба да се сретне со комети. Сондата која користи DTN протокол комуницира со девет земски станици во Центарот за млазни погони на агенцијата кои ја симулираат комуникацијата со Марс преку сателити и теренски возила. Стручњаците оценуваат дека комуникацијата се одвива без проблем, а вселенските летала праќаат фотографии од далечина која е преку 35 милиони километри, без било какви проблеми. [First test for interplanetary net]