НАСА: Што виде леталото Cassini на Сатурн, во едно видео

На 26 април, вселенското летало Cassini леташе поблиску до Сатурн од било кога претходно – меѓу растојанието што ја одделува планетата од нејзините прстени.

Оттогаш, Cassini праќаше купишта слики од површината на Сатурн. НАСА ги компајлираше сите тие слики (океј, може не сите) во една, и го создаде ова одлично видео, кое открива што точно виде леталото.

Една од глетките што најмногу ги изненади научниците сe острите рабови на шестоаголникот на Сатурн – нешто што досега не е забележано во Сончевиот систем. Во неговиот центар има вртлог.

Шестоаголникот на Сатурн всушност претставува џиновски систем од облаци на северниот пол на планетата. Острите рабови што научниците ги видоа во овие последни снимки сугерираат дека системот од облаци и вртлогот не се мешаат со нивната околина. Но што е тоа што го спречува мешањето на облаците во хексагонот со облаците надвор од него – е мистерија.

Првото „нуркање“ го означи почетокот на крајот за Cassini. Последниве 13 години, леталото ги помина истражувајќи го Сатурн и неговите месечини. Но кон крајот на септември леталото ќе оди во „пензија“, откако ќе влезе и ќе согори во атмосферата на Сатурн. Дотогаш нé очекуваат уште снимки.

- Реклама -