НАСА: Нова анимација од екстремното топење на мразот на Арктикот

topljenje_leda[1]

Дека арктичкиот мраз на Северниот пол се топи е одамна познато, но на најголемиот дел од луѓето на Земјата им фали еден мал детал – визуелизација на проблемот.

Новата анимација на НАСА е направена врз основа на податоците од нивните сателити, кои го следат арктичкиот океан веќе 30 години. Притоа, го открива застрашувачкиот степен на проблемот за кој и досега знаевме дека е лош.

„Она што со сигурност го гледаме е дека стариот арктички мраз исчезнува. Во текот на летото ‘младиот’ мраз се топи, но стариот по правило би требало да остане, бидејќи се работи за дебели слоеви. Сепак, стариот мраз сега станува сé послаб, се крши и се истенчува“, истакнува Волт Мајер од НАСА.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Видеото го прикажува Арктикот во периодот од 1984 година до денес. Од податоците се гледа дека пред 32 години, на Арктикот постоел слој од мраз со површина од 1.8 милиони километри квадратни. Денес таа површина не надминува 110.000 квадратни километри.

Визуелизацијата ја прикажува и промената на арктичкиот мраз во текот на годишните времиња, при што белата боја го претставува стариот мраз, додека темната површина го прикажува новиот мраз кој настанува и исчезнува во зависност од годишното време.

- Реклама -