НАСА блиску до доказ за постоењето на Немесис

НемесисВеќе некое време, астрофизичарите теоретизираат за постоењето на вселенско тело наречено Немесис што се наоѓа некаде во или зад појасот со астероиди и ѓубре што го обвиткува нашиот соларен систем. НАСА објави дека е блиску да го докаже неговото постоење.

Веќе некое време, астрофизичарите теоретизираат за постоењето на вселенско тело наречено Немесис што се наоѓа некаде во или зад појасот со астероиди и ѓубре што го обвиткува нашиот соларен систем. НАСА објави дека е блиску да го докаже неговото постоење.

НемесисСо векови, ние претпоставуваме дека се наоѓаме во систем со една ѕвезда, но одеднаш може да се испостави дека не е така и дека можеби се наоѓаме во бинарен систем.

Немесис, или како што некогаш се нарекува, Ѕвездата на смртта е вселенско тело што веројатно се наоѓа во, или зад појасот со астероиди и вселенско ѓубре што го обвиткува нашиот соларен систем. Во теорија, Немесис е кафеаво џуџе, со маса некаде помеѓу Сонцето и Јупитер.

Поради тоа што масата за малку не е доволна за да отпочнат нуклеарните реакции што од Немесис ќе направат вистинска ѕвезда, ова тело тешко се забележува. Но, сепак е доволно за да има гравитациско влијание врз целиот систем. Причината поради која евентуалното постоење на ова тело е важно, е тоа што на одредени интервали, поради нарушувањето на појасот со астероиди и ѓубре од страна на Немесис, се случува бомбардирање на Сонцето со комети. Некои од проектилите, завршуваат во Земјата. Некои од нив се одговорни за истребувањето на диносаурусите; големата експлозија во Тунгуска во 1908 година, итн.

НАСА претпоставува дека е на пат да најде сигурни докази за постоењето на „второто Сонце“, откако успешно ја набљудуваше последната комета која се судри со Сонцето, а е потекната од појасот околу нашиот сончев систем. [Getting WISE About Nemesis]

- Реклама -