Наришкин: Русија е против замрзнување на конфликтот, сакаме долгорочен мир

Русија се противи на едноставно замрзнување на конфликтот во Украина, бидејќи на Москва и треба „цврст и долгорочен мир“ кој ќе ги реши клучните причини за кризата, изјави директорот на Руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин.

Тој рече дека Русија категорично се противи на „замрзнување на конфликтот“, додавајќи дека Русија сака долгорочен мир.

„Русија е отворена за разговори“, рече Наришкин.

Прочитајте и:  Поделени мислења во ЕП: Едни бараат безрезервна поддршка за Украина, други обвинуваат и предупредуваат на нуклеарна апокалипса
- Реклама -