Познатата дива не е само музички гениј, таа е и модна икона.
Талентираната и сестрана Бијонсе се осигура сите да зборуваат за нејзиниот настап на MTV VMA наградите. Нејзината ќерка Блу Ајви ги освои срцата ширум светот, а заедно со Џеј Зи ги замолчија сите озборувања околу нивниот наводен развод.
Сега и поранешната уредничка на францускиот Вог, Керин Роитфелд ја стави на насловната страна од своето списание.
„Владетелката на поп сцената во модниот свет. Во нејзината прва соработка со Керин, Бијонсе ја покажала својата сестраност, различните расположенија и карактеристики“, стои во описот на новото издание на CR Fashion Book.
Бијонсе во различни стилови открила и некои лични мислења за себеси, но и за својата ќерка.
„Ме нарекуваат пејачка, но јас сум тука да се трансформирам, да ја апсорбирам тагата и вознемиреноста и загубата на оние кои ме слушаат ги ставам во моите песни. Мојата ќерка е мојата најголема инспирација. Постои нешто многу поголемо од нас самите“, вели Бијонсе која постави нови трендови во музичката индустрија и со својот петти визуелен албум високо го покрена барот.
„Утопија никогаш не ме интересирала премногу, секогаш сакам малку да ги придвижам работите. На некој начин, хаосот ни помага подобро да гледаме. Но, за својата ќерка го сонувам денот кога сите ќе зборуваме она што го мислиме“, вели Бијонсе низ песната.