Е ова е неочекувана зделка. Сет Хорвиц од Вашингтон купил нов HDTV преку Amazon, но кога ја отворил кутијата која не личела ништо како кутија за телевизор, тој нашол Sig Sauer SIG716 полу-автоматска пушка од 2132 долари.
Ваквите пушки се нелегални во Вашингтон но тоа не ја спречило грешната достава. Транспортирање на оружје во Округот Колумбија е исто така нелегално. Очигледно човекот кој продавал преку Amazon требало да ја испрати пушката долга 94 сантиметри која користи воен калибар – 7.62 X 51mm NATO – на продавач на оружје во Пенсилванија.
Полицијата ја конфискувала пушката што значи дека не дошло до никаков проблем, но што ако ова оружје, кое Sig Sauer го опишува како „идеална пушка ако ви е потребен карабин со голем калибар“, било испратена на некое дете? Или криминалец? Во многу држави е екстремно лесно да се купи оружје преку интернет, а сега тие почнаа и да се појавуваат и кај луѓе кои не ги побарале. [D.C. resident orders TV on Amazon, receives a gun instead]