Овој остров наречен “Северниот брат” ниту жителите на Њујорк не го познаваат. Сместен помеѓу Бронкс и Квинс на Источната Река, може да се забележи само доколку пловите со кајак по неа. Долг е 400 а широк 250 метри, и веќе 45 години никој не го користи за ништо.
До 1885 година бил ненаселен, кога владата на САД гради болница за мали сипаници. Кратко време потоа, болницата е преместena, а островот бил наменет за отпад на парни бродови.
После Втората Светска Војна, владата на САД изнајмувала соби на воени ветерани кои студирале во Њујорк, но набргу и тоа замрело. Во 1950-тите бил и последниот обид “Северниот брат” да заживее. Била изградена установа за одвикнување од дроги со нови методи. Се уште на ѕидовите од некои соби се испишани одвратните сведоштва на пациентите кои се лекувале од хероин и биле затварани против нивната волја со денови.
До средината на 60-тите овој остров бил целосно напуштен. Од тогаш поради големите трошоци кои се неопходни за негово функционирање, островот е целосно заборавен и пристапот до него е забранет.
Но сепак тоа не го спречило некој фотограф да направи фотосторија за него и да ни прикаже една мистична страна од Големото Јаболко.