Градот Ани се наоѓа на турската страна од милитаризираната зона на границата помеѓу Турција и Ерменија. Во него не живее никој веќе 3 века, иако тој некогаш бил населен со просперитетни и моќни жители. Некои го нарекуваат градот со 1001 црква, други пак градот со 40 порти. Во секој случај, се работи за едно парче од историјата, заглавено во времето.