Напред розово 2014 – чекори против ракот на дојка

Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија на 17 мај 2014 година по шести пат ја организира кампањата за борба против рак на дојка “Напред розово 2014 – чекори против ракот на дојка“.

Централниот настан ќе се одвива во Градскиот парк кај Школка со почеток во 11:00 часот на 17 мај. Имено, во рутата е предвидена розова прошетка и розово возење на велосипеди  во соработка со неформалната групата „На Точак“ која го популаризира урбаното возењето на велосипеди, рекреацијата и здравиот живот. Возењето започнува во 10:30ч. од Градскиот Парк-Школка и на него се поканети сите кои сакаат да дадат поддршка на кампањата преку возење на својот велосипед.

Рутата по која ќе се движат велосипедистите започнува од пред Школка, кон тенискиот клуб Југ излегува на бул. Илинден и се вози во правец кон Владата на РМ, преку мостот Гоце Делчев се вози до раскрсницата кај Универзитетска библиотека и МНТ од каде се врти десно по бул. Филип Втори преку мостот Мајка Тереза покрај Холидеј Ин и Жена Парк, десно пред Собранието на РМ кон Рекорд и раскрсницата Палома Бјанка десно по бул. ВМРО до Главната Пошта од каде се врти лево на бул. Илинден пред Владата на РМ и десно по бул. Климент Охридски се продолжува кон Градски Парк.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Млад Американец тврди дека поради брзата храна добил рак

Розовата прошетка ќе започне во 11:00ч. и ќе се одвива по следната рута: Школка – Градски парк кон фонтаната „Лотус„ преку бул. Илинден во правец кон зградата на Владата на РМ, преку мостот Гоце Делчев до улицата 11 Март, преку надвозникот, продолжуваат лево по ул. Самуилова до раскрсницата со ул. Лазар Личеновски во правец на мостот Гоце Делчев, од каде се враќаат преку бул. Илинден до фонтаната Лотус кон Градски Парк каде што ќе се одвива главниот настан.

Повеќе информации за овој настан можете да видите на следниот ЛИНК.

- Реклама -