Секој има свои тајни стравови- но неговиот е малку чуден…
Познатата водителка Ellen DeGeneres го имала за гостин згодниот актер Чанинг Татум во својата емисија „The Ellen DeGeneres show“.
Еден од најпосакуваните актери откри дека, освен од пеењето, се плаши и од порцелански кукли. Елен одлучила да му „помогне“ на Татум да ги надмине своите стравови и од кутија извадила две порцелански кукли. Актерот се склопчил во фотељата и не сакал ни да ги погледне куклите.
„Грозни се. Имаат вистински очи и изгледаат како да се живи“, рекол актерот и одби да ја земе куклата во раце.
Неговата реакција можете да ја видите во видеото.