Направи си сам…автомобил

Сонот на секој љубител на автомобилите е да си направи сам патничко возило е на пат да стане јаве. Италијанскиот проект Urban Tabby овозможува на секој кој сака сам да си состави целосно возило за само 40 минути, посочуваат од компанијата OSVehicle.

Цртежите за возилото може да се симнат од интернет, каде се и упатствата за купување на различните компоненти. За оние кои се помалку образувани технички, компанијата OSVehicle нуди испорака на веќе подготвена машина.

Универзалната шасија може да собере од 2 до 4 патници, тврдат креаторите на проектот, Франческо Лиу и Ампелио Мачи. Тие прецизираат дека клиентот може да избира меѓу погон со електромотор, со хибриден агрегат или со класичен мотор со внатрешно согорување. Со едно полнење електромоторот на Urban Tabby може да мине 90 километри, а хибридот – 400 километри. Максималната брзина кај електричната верзија е 45 km/h, а со стандарден или хибриден агрегат – 85 km/h.

Иако, автомобилите се составуваат од клиентот, тие имаат легалнa дозвола за движење на јавните патишта. Авторите на проектот тврдат дека Urban Tabby е прва ваква машина во светот и ќе почнат да ги нудат компонентите за неа уште оваа пролет. Цените, во зависност од погонот, ќе бидат меѓу 4.000 и 6.000 евра.

 

 

- Реклама -