Направи сам: Рачно изработена вазна

Ако дома немате доволно вазни или пак не ви се допаѓаат старите, можете да ги преобразите.

Денеска ќе ви покажеме 5 одлични идеи да се зафатите со креативна работа.

Вазна со светки до половината

1

Земете една стаклена вазна, намачкајте го долниот надворешен дел со безбоен лепак и посипете светки во саканата боја. Оставете да се исуши и излакирајте (можете да користите безбоен лак за нокти).

Со пластични лажици

2

За овој предлог имате потреба од тегла, бели пластични лажици и пиштол за топол силикон. Едноставно следете ги чекорите прикажани на сликата, и ќе го добиете саканиот резултат.

Игра со бои

3

Во стаклена вазна истурете малку боја, како што е прикажано, и оставете да се исуши добро.

Во златна боја

4

Земете обични стаклени тегли и потопете  јадолната страна во златна / бронзена или сребрена боја. Оставете да се исуши многу добро и конечно заврзете по една убава панделка.

Со предиво

5

Уште еден интересен предлог – намачкајте ја стаклената вазна со безбојно лепило и почнете да го мотате предивото околу неа.

- Реклама -