Во овој рецепт може да го искористите токму вашиот најомилен мирис. Потполно природен освежувач во кој може максимално да уживате!
Зошто да фрлате пари на скапи освежувачи за вашиот дом, кога освежувачот може да го направите сами, а тоа ќе ве чини многу помалку и ќе биде далеку побезбедно за вашето здравје?
Ви пренесуваме рецепт за еден сосема едноставен освежувач на воздух кој ќе му овозможи на вашиот дом отсега па натаму да мириса токму на вашиот омилен мирис.
● Тегла со капак
● Сода бикарбона
● Есенцијално масло со мирис по ваша желба
Постапка:
Теглата наполнете ја до ¼ височина со сода бикарбона. Врз содата капнете 6-8 капки од вашето омилено есенцијално масло. Потоа затворете ја теглата со капак на кој претходно сте направиле неколку дупчиња низ кои мирисот ќе се шири низ вашиот дом.
Ако сакате поинтензивен мирис, тогаш теглата може да ја отворите и да ја затворите по потреба.