Гибаницата е јадење кое традиционално се прави кај нас. Вкусот на нашите мајки и баби од сега во ново руво. Направете вкусна гибаница со кисела зелка.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ако е солена зелката се става во топла вода.
Се цеди, па се ренда. Се динста на масло, се додава малку вода, се додека не омекне, па се ставаат сол и бибер.
Се премачкува плех, се загрева рерната на 200 степени.
Се става првата кора на дното, се прска масло, па се става од зелката. Така се додека има кори и фил.
Завршете со кора, ставете горе кисела вода и масло и печете 25 минути на 200 степени.
Ви треба околу еден час.