Направете вкусен сладолед од јагоди

Како да направите вкусен домашен сладолед со јагоди?

Производи:

1кг јагоди
1 лимон
3 лажици шеќер
1 чаша шеќер во прав
250 г. павлака

Начин на приготвување:

Имијете ги  јагодите, исчистите ги од рачките и изматете ги, така што ќе добиете сок од јагоди.
Потоа  на добиениот сок, додадете  сок од лимон и шеќер.
Павлаката и шеќерот во прав изматете ги со миксер и се помешајте ги  со сокот.
Добиената смеса  ставете ја  во фрижидер да се замрзне.
За  време на замрзнување, промешувајте го  сладоледот 2-3 пати.

Наздравје!

iagodi-sladoled-58984-500x0

- Реклама -