“Долг бакнеж за добра ноќ”
Прекрасен кино подарок за секој кој е расположен за квалитетна филмска вечер. “Долг бакнеж за добра ноќ” е солидна, забавна зимска акција -трилер со Џина Дејвис и Семјуел Л Џексон, а во режисерската фотелја седи господарот на жанрот, Рени Харлин. “Долг бакнеж за добра ноќ” е шармантна мешавина од престрелки, прогони, комплицирани каскади, квалитативен хумор и празнични врски. Филмот претставува идеален контра-пункт на класичните наслови со кои се прејадуваме во најкалоричниот период од годината.