“Фарго”
Ремек-делото на браќата Коенови од 1996-та година нема директна врска со празниците, но воведува во особено интересна новогодишна атмосфера. Оваа уникатна “Фарго бајка” не се исцрпува само со снежните покривки на Запад, во кои што е спакувана историјата на оваа модерна американска кино класика. Црниот хумор, музиката на Картер Беруел, беспрекорните зимски композиции, прекрасната актерска екипа и генијалната деконструкција на криминалното кино прават од “Фарго” премногу добро филмско доживување. Секој период од годината е погоден за пуштање на овој филм, но има нешто во божиќните и новогодишните празници, што дополнително го зголемува задоволството од гледањето.