“Бразил”
Орвелската антиутопија на Тери Гилијам “Бразил” од 80-те е преплавена од необична празнична иконогафија и нетрадиционални линкови кон ликот на Дедо Мраз. “Бразил” е неодоливо ефективна и брутално спектакуларна сатира на консуматорската и клиничка критика на бирократските кошмари. Културните кодови на божиќните традиции се вклопуваат во сложеното сценарио на Гилијам и Том Стопрад. Филмот е ултимативно алтернативен наслов за празниците, или што би рекле ние, глејте го ако ви се гледа одлична исчуканица.