Направете си маичка со сопствен дизајн!

 Дали некогаш сте посакале да си направите маичка со сопствен дизајн? Нема да верувате колку е лесно! Кликнете на сликата за да научите!

 

1

Потребни материјали:

1.
Маичка
2. Лист Inkjet Transfer Хартија

3. Фотографија што сакате да ја аплицирате
4. Компјутер и Inkjet принтер
5. Парче картон
6. Пегла
(Скенер е опција, во случај ако фотографијата ја немате во компјутерот)

Инструкции:

1. Скенирајте фотографија или користете некоја од нашите 150 луди апликации. Внимавајте на димензиите, а најважно од се имајте на ум дека фотографијата испечатена на маичката треба да биде свртена обратно, инаку текстот нема да се чита. Користете ја опцијата mirror која ја има во секој програм за обработка на слики.

 

2. Испечатете тест копија на регуларна хартија за да се уверите дека се е во ред, а потоа испечатете ја фотографијата на Transfer хартијата (печатете на страната од која што нема зелена линија)

 

 

3. Исечете ги неиспечатените делови од хартијата, оставајќи ја само потребната фотографија

 

 

4. Обележете каде сакате да ја поставите маичката. Можете да ја одбележите со многу тенки линии користејќи молив. Не се секирајте, нема да остане ништо.

 

 

5. Вклучете ја пеглата на најјаката позиција (позицијата за платно, не за пареа). Поставете ја маичката на тврда подлога. Поставете го картонот или пак друг цвртст материјал за да ја одвоите предната од задната страна на маичката (значи, поставете помеѓу). Пеглајте со цел да ги отстраните сите неправилности на маичката (да биде многу мазна). Исто така маичката треба и добро да ја загреете.

 

 

6. Поставете ја фотографијата, нормално со страната надолу.

7. Притиснете со пеглата цврсто на Transfer хартијата околу 15-20 секунди во секоја позиција (почнете од средината и работете со кружни движења движејќи се кон крајот притоа елиминирајќи ги сите воздушни балончиња)

8. Загрејте ја убаво целата површина користејќи кружни движења.

 

9. Одлепете еден ќош и проверете дали сликата е префрлена на маичката. Ако не е, пеглајте уште!

 

10. Одлепете ја хартијата додека е топла за да добиете сатенски финиш или пак одлепете ја ладна за светкавa нијанса.


11.
Маичката е готова!


Не заборавајте дека во галеријата имате 150 најлуди дизајни на маички кои што секако можете да ги испечатите и да ги користите за вашата маичка. Кликнете овде за да ги видите.

- Реклама -