Направете сами природен лак за коса

Зошто да ги користите многубројните хемиски препарати кога во својата кујна можете да подготвите се, па дури и лак за коса…Еве едноставен рецепт:

Она што ви е потребно се шеќер и вода, како и малку етерично масло по желба.

Во еден сад сипете 130 милилитри вода и ставете на оган да зоврие.

Тргнете го садот и во врела вода додадете две и пол лажички шеќер, па мешајте додека шеќерот не се растопи сосема.

Добиената смеса оставете ја добро да се олади. Во ладната смеса додадете пет до шест капки етерично масло по желба, промешајте добро и сипете во шише со пумпа.

Лакот е подготвен за користење!

160689327

- Реклама -