Направете сами: Паста за заби од сода бикарбона, готова за две минути

Сигурно многу пати до сега сте се нашле во ситуација во која сте останале без паста за заби, па сте морале да барате привремено решение додека да купите нова. Доколку некогаш во иднина се најдете повторно во ваква неприлика, погледнете подобро дома дали ги имате следниве состојки, и знајте дека со нивна комбинација можете да добиете одлична домашна паста за заби. Ова решение е економично и пред се практично, а самата подготовка нема да ви одземе повеќе од една до две минути.

Состојки:

– 6 лажици сода бикарбона
– 2 лажици сол
– 2 лажици глицерин
– 20 капки пеперминт или масло од портокал или лимон

Подотовка:

Измешајте ги сите состојки заедно се додека не добиете еднолична смеса. Сместете ја во туба која после употребата добро се затвора.

- Реклама -