Поради моменталната ситуација и важноста од миењето раце, течните сапуни и средствата за дезинфекција станаа многу важни, а поради големата побарувачка понекогаш е тешко да се најдат на полиците на продавниците.
Освен дезинфекцијата на раце, уште една битна ставка на која треба да се обрне внимание е чистењето на просторот во кој престојувате. Се препорачува користење на средства кои се на база на активни материи како етанол, натриум хипохлорид, глутаралдехид, изопропанол, бензалкониум хлорид и натриум хлорид.
Во дезинфекција на просторот, но и освежување на воздухот можат да ви помогнат и природните освежувачи со есенцијални масла. Станува збор за рецепт во кој состојките се апсолутно безбедни и на тој начин ќе знаете дека имате производ кој не содржи опасни хемикалии, а кој ќе ви помогне воздухот на вашиот дом да биде чист, свеж и со пријатен мирис.
Состојки: една шолја вода, 2 големи лажици медицински алкохол, 15-20 капки есенцијално масло со антибактериски својства, можете да комбинирате и повеќе масла (во групата на антибактериски масла спаѓаат: чемпрес, еукалиптус, лаванда, лимон, лимета, мајоран, нане, рузмарин, жалфија, сандалово дрво, циметов лист, чајно дрво) и шише со распрскувач.
Припрема: ставете ги сите состојки во шишето со распрскувач и добро протресете. Бидејќи есенцијалните масла имаат тенденција да пловат на површината на водата, секогаш протресувајте го шишето пред употреба.