После силното сонце и море нашата кожа изгледа блескаво и меко, но после долгото изложување под сончевите зраци, таа длабински станува многу сува. За да би и го вратиле сјајот потребни ви се само неколку продукти од кујната со кои ќе направите ефективна и хранлива маска за лице.
Состојки:
1 лажица јогурт
1 лажица добро измелени житарици
1 лажица мед
1 рака згмечени боровинки или малини
Подготовка:
1. Ставете ги состојките во сад и добро промешајте
2. Добиената смеса нанесете ја на лицето
3. Оставете да делува 15-ина минути и измијте го лицето со млака вода.
Уживајте во резултатите.