Направете сами елегантна масичка од стар куфер

Постарите модели на куфери изгледаат многу убаво и романтично, затоа често се користат како декоративни елементи во ентериерот. Можеме сепак да им најдеме и уште пофункционална примена и да ги претвориме во убави масички како оваа.

Потребни материјали:

стар куфер со тврдо куќиште

4 ногарки

метро

боја за дрво (во нашиот случај бела)

четка

парче иверица (пожелно)

метални плочки за прицврстување

materijali

Чекор 1

Обојте ги ногарките во посакуваната боја и оставете ги да се исушат добро.

1

 

Чекор 2

Отсечете парче од иверицата, со големината на дното на куферот. Така ќе дадете дополнителна сила на конструкцијата.

Чекор 3

Превртете го куферот со дното нагоре. Сместете ги металните елементи за прицврстување на ногарките таму каде што сакате да се наоѓаат, и означете ги местата со молив. Потоа направете дупки за штрафовите, со цел да ви биде полесно да ги затегнете.

3

 

Чекор 4

Со помош на навртки и завртки прицврстете ги плочките.

4

Чекор 5

Останува да си сварите кафе и да ја пробате вашата нова масичка.

5

Прочитај повеќе: Уште идеи за „направи сам“ проекти со помош на куфер

- Реклама -