Лицата кои имаат проблематична кожа заради акните се во постојана потрага по производи кои можат да ги ублажат нивните симптоми или да ги прекријат непријатните црвени дамки.
Освен што постојат многу козметички препарати, на располагање ви се неколку намирници кои ве чекаат дома, во фрижидерот или на некоја од полиците во кујната.
Маска од овес
Овесните снегулки се користат за ублажување на црвенилото предизвикано од акни и за смирување на кожата. Се мешаат две супени лажици овес со неколку лажици вода додека не се добие кашеста смеса. Пробајте да ја додавате водата постебено за да не стане премногу ретка.
Лицето темелно исчистете го, нанесете ја овесната каша и оставете да делува 25 минути. Измијте го лицето со млака вода и избришете го полека со нежно тапкање на пешкирот.
Маска со домати
Благодарение на доматите (кој е вистински „рудник“ на антиоксиданси), ќе имате тен кој зрачи од топлина, а истовремено ќе се ослободите и од масните наслаги на површината на кожата. Излупете ја кората од доматите , изгмечете ги и додадете една супена лажица лимонов сок. Добро промешајте ја смесата и нанесете ја на лицето. Оставете да дејствува додека не се исуши.