Направете го овој класичен тест за внимание

Можеме ли да им веруваме на очите?

Проверете сами. Погледнете го овој краток клип во кој што две групи играчи си подаваат кошаркарска топка. Треба да следите колку додавања ќе направат играчите, облечени во бело.

Обидете се:

Но, зјапајќи со погледот во топката, од 50 до 70 проценти од луѓето не успеале да забележат како човек, облечен како горила, поминува меѓу играчите. Дали го видовте?

Обидете се повторно. Не заборавајте да го следите бројот на подавања.

Ако веќе сте запознаени со експериментот, ќе ја видите горилата. Но,  обративте ли внимание дека бојата на завесата се менува и еден играч во црно ја напушта играта?

Сакаме или не, така работи човечкиот мозок: практично остануваме слепи за светот надвор од точката на непосредното внимание. Неверојатно е сепак колку ни е тешко да  поверуваме.

Околу 75% од учесниците во експериментот се убедени дека ќе ја забележат секоја неочекувана промена. Ништо чудно што многу луѓе го потценуваат ризикот, кога зборуваат на телефон или возат автомобили.

- Реклама -