Направете ги долгите патувања со автобус забавни

Во текот на празничната сезона, патувањата се наједноставни и најповолни со автобус, кога некој друг се грижи за метежот, за потешкотиите при возењето, за дополнителните трошоци…

Нам само ни останува да се опуштиме и да ги исчекуваме радостите што претстојат на крајната дестинација. За да го направите искуството позабавно, ви подготвивме неколку едноставни совети.

bus-travel

Секогаш кога тргнувате да патувате на подолга дестинација, прво нешто што треба да направите е да се погрижите за својата удобност. Облечете се во нешто удобно, понесете си перниче за спиење, редовно растегнувајте ги нозете, не ја врзувајте косата на начин што ќе ви предизвика болка при потпирање на седиштето, итн.

Бидете трпеливи

Секогаш постојат шанси дека во близина на вашето седиште ќе има тригодишно дете што нема да седне во текот на целото патување или пак тинејџерка што постојано ќе зборува на телефон. Тоа никогаш не смее да ве вознемирува. Останете смирени и не посветувајте внимание на нештата околу вас. Можеби ова ви звучи многу тешко, но во пракса е многу поедноставно.

W

Понесете си нешто забавно

Во денешно време, на располагање ви стојат многу опции за одвлекување на вниманието, што ги прават патувањата многу поедноставни и позабавни. Времето ќе поминува побргу доколку со себе имате mp3 плеер, телефон, таблет-компјутер или лаптоп. Ставете ги слушалките, пуштете си ја омилената плејлиста и читајте книга. Можете дури да си купите и една од застарените рачни видео игри, како што е на пример тетрис и да се потсетите на минатото за само 100 денари. Исто така, можете да го искористите времето за разговор со сопатникот и да го надополните пропуштеното поради хаотичноста на секојдневието.

Релаксирајте се

man-with-teddy-bear-1

Искористете ги помошните средства што сте ги понеле со себе, за да се релаксирате. Гледајте низ прозорецот и уживајте во околината што ја одминувате. Опуштете се во целост и игнорирајте го постоењето на оние патници што ве иритираат. Не влегувајте во конфликт со никого, бидејќи тоа е само потенцијално уништување на вашиот заслужен одмор.

Избегнувајте…

За да не си создадете потешкотии при транспортот, избегнувајте премногу гломазни нешта, вклучително и големи лаптопи, за кои повеќе ќе се грижите, отколку што ќе ви бидат од полза. Никогаш не носете книги кои ви се премногу значајни, со кои сте сентиментално поврзани или пак треба да ги вратите во библиотека. Материјалот за читање треба да ви биде копија со меки корици, од која во секој момент ќе можете да се разделите, без да размислите двапати. Никогаш не пуштајте музика прегласно и обидете се да разговарате само за себе, а не за сите да ве чујат. Оние нешта што ве иритираат кај другите патници не треба да потекнуваат од вас.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -