Ако имате дебели нерви, ако сте фан на оригами и сакате новогодишни декорации, се наоѓате на правото место. Еве како да ги обликувате вашите салфетки во новогодишни елки и да ја украсите новогодишната/божиќната трпеза.
За да го изработите овој украс, потребна ви е перфектно квадратна салфетка. Прво, превиткајте ја 2 пати за да добиете помал квадрат.
Потоа, превиткајте го секој слој кон врвот, притоа погрижете секој слој да е за 1-2 сантиметри пократок од оној под него.
Превртете ја целата салфетка за 180 степени, држејќи ги врвовите.
Време е да ги составите двете страни заедно. Внимавајте да ги превиткате така што ќе добиете триаголен простор на врвот.
Повторно превртете ја салфетката. Горниот слој превиткајте го кон врвот – така ќе го формирате и конечниот врв на елката. Секој нареден слој превиткувајте го во истата насока, со тоа што секој врв ќе го вметнете под претходниот слој.
Ако ви е полесно, еве и видео:
Потполно ве обзема празничниот дух додека ја превиткувавте салфетката? За дополнително-креативен финиш, можете да ја декорирате „елката“ со малечка машничка, која ќе ја прицврстите со шпенадла. Еве како да ја направите.